Хакери украле приватни податоци на повеќе од 3 милиони клиенти на VW

од Stefanija Kuzmanovska
454 прегледи

Повеќе од три милиони луѓе во САД и десетици илјади клиенти во Канада станаа жртви на кражба на податоци од страна на хакери кои го компромитираа системот на надворешен партнер на „групацијата Фолксваген“.

„Групацијата Фолксваген“ викендов потврди дека нивната подружница во САД, која собирала податоци за клиенти за маркетинг и продажба преку Интернет, била жртва на хакерски напад, а анонимни хакери украле податоци од повеќе од 3,3 милиони луѓе од нивниот систем, пренесе „Ројтерс“.

Тоа се податоци што вклучуваат имиња, телефонски броеви, е-пошта и адреси на живеење, а во голем број случаи и VIN броевите на нивните автомобили, како и броевите на возачката дозвола и броевите за социјално осигурување, кои се особено чувствителни податоци во САД.

Украдените податоци се однесуваат на купувачите на возила „Фолксваген“ и „Ауди“, како и на оние кои контактирале со овие компании заинтересирани за можна набавка на возила.

„Групацијата Фолксваген“ објави дека веќе контактирала околу 90 илјади клиенти чии најчувствителни податоци биле украдени и им понудила бесплатна помош за заштита.

Кражбата се случила меѓу август 2019 година и мај 2021 година, а покрај Соединетите држави, биле компромитирани и неколку десетици илјади клиенти од Канада.

„Фолксваген“ не објави за кој добавувач станува збор.

Слични содржини