Хакерски напад на ФЗОМ, на помош повикани експерти од Германија

од Nikola Popovski
150 прегледи

Имаме пријава во нашиот Оддел за сајбер-криминал, меѓутоа тоа е делување пост-вестум и ние работиме на истрагата во овој дел. Ако не работиме на превенција за заштитата на тие податоци ќе биде многу тешко само да се занумаваме со истрагите. Тоа е кривично-правен настан и така го третираме. Ваквите хибридни напади се зголемија многукратно после руската агресија во Украина, рече денеска министерот за Оливер Спасовски за хакерскиот напад во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Сајбер нападот врз ФЗОМ е меѓу најновите насочени кон државните институции. Поради нападот, веќе десетина дена е оневозможено нормалното функционирање на системот на Фондот, па хартиените обрасци се вратени во функција, што предизвика страв и вознемиреност кај граѓаните и медицинскиот персонал. Погодени се и здравствените работници и граѓаните осигуреници кои се приматели на здравствените услуги.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информираше дека се работи на проблемот со експертски тимови од Германија, но разговарано е и со Министерството за финансии да се изнајде начин за исплата на плати на вработените во здравствениот сектор.

-Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗОМ, пред се, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот, бидејќи во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства од ФЗОМ по различни основи, рече меѓу другото премиерот.

Слични содржини