Ашраф Хакими зад себе има сезона од соништата, која ја заврши како освојувач на три трофеи. На 42 натпревари во Лига 1 и Лигата на шампионите, постигна осум гола и додаде 11 асистенции.
Задоволен од својата сезона, мароканскиот дефанзивец изјави за „Канал+“ дека ја заслужува престижната награда Златна топка, осврнувајќи се на неговата историска сезона, во која постигна голови во четвртфиналето, полуфиналето и финалето на Лигата на шампионите.
Сепак, како што тврди „Л’Екип“, Пари Сен Жермен се обиде да ја отстрани неговата изјава.
Причината, според угледниот весник, е тоа што парискиот клуб го поддржува Усман Дембеле за „Златната топка“, но не сака да ги навреди другите свои играчи, вклучувајќи го и Хакими. Парижаните ја разбраа провокативната природа на интервјуто и побараа отстранување на делот за наградата, но Хакими одби, инсистирајќи на своето право да ги изрази своите амбиции.
ПСЖ ги негираше обидите да го спречи објавувањето на изјавата на дефанзивецот, но „Л’Екип“ стои зад својата верзија.
Добитникот на „Златната топка“ ќе биде објавен на церемонијата на 22 септември. Меѓу номинираните се Хакими, Дембеле, Ламин Јамал, Мохамед Салах, Рафиња, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Џуд Белингам, Хвича Кварчелија, Винисиус Жуниор, Џанлуиџи Донарума, Кол Палмер, Хари Кејн, Роберт Левандовски, Виктор Ѓекереш и Флоријан Вирц.