Хакинен: Фетел прави многу грешки

од Vlatko K
128 прегледи

Поранешниот светски шампион во Ф1, Мика Хакинен е на мислење дека Мерцедес може да ја освојат титулата и оваа година, иако Ферари имаат подобар болид. Хамилтон во моментов има водство од 30 поени во однос на Фетел, иако „Скудерија“ се доста побрзи.

„Никој не може да каже дека Луис води, бидејќи Мерцедес има голема предност“, рече Хаккинен. „Тој покажува исклучителни вештини и не ги прави грешките, кои ги допушта Себастијан Фетел, особено при трките. Покрај тоа, се разбира, Британецот има одлично партнерство со Валтери Ботас. За да го порази, Ферари треба да завршат апсолутно совршена работа секој викенд и да се надеваат дека Мерцедес ќе се соочи со проблеми“.

Во сличен дух беше и анализата на поранешниот тркач и актуелен коментатор за Скај Спортс – Мартин Брендл.

„Проблеми на Ферари се и грешките на Фетел – го удри Ботас во Франција, доби казна за блокирање на Сајнц во Австрија, ја испушти победата во Германија, а сега ова со Хамилтон. За разлика од Себастијан, Луис е речиси безгрешен, вели Британецот.

Според Брандл, Фетел нема да може да го победи Хамилтон.

Слични содржини