Хакиран системот на „А1 Хрватска“, компромитирани кориснички податоци

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Системот на мобилниот оператор „А1 Хрватска“ бил хакиран и во таа прилика се случил безбедносен инцидент поврзан со една од базите на податоци на корисници, со што биле загрозени дел од личните податоци на корисниците на А1, соопштија од компанијата.

„Интензивно се работи на утврдување на сите факти поврзани со овој безбедносен инцидент, а досега форензичарите утврдија дека потенцијално се компромитирани податоци на помалку од 10 отсто од корисниците на „А1“. Податоците што се прикажани се име, адреса, матичен и телефонски број. се вели во соопштението..

Нагласуваат дека податоците за банкарските сметки и картички не се загрозени, бидејќи не се достапни во наведената база на податоци.

Слични содржини