Хакирана Мараја Кери, објавен твит посветен на Еминем (ФОТО)

од Elena Daskalova
310 прегледи

Во текот на новогодишната ноќ, твитер-профилот на Мараја Кери беше хакиран, објавувајќи низа навредливи твитови.

Оној кој привлече најмногу внимание е твитот во кој зборува за половиот орган на раперот Еминем.

Реакцијата на Мараја, откако нештата беа средени, беше: „Дремнав малку и ова се случи?“

На публиката веднаш ѝ беше јасно дека станува за невкусна шега и дека самата Мараја сигурно не стои зад напишаното и дека многу е веројатно дека се работи за хакерски напад.

Твитовите стоеја на профилот извесно време, по што беа избришани. Засега, единствени сомнителни за овој случај се сајбер-бандата „Chuckling Squad“ кои имаат историја со напади на профили на Твитер и Јутјуб.

Слични содржини