200
Британската армија соопшти дека спроведува истрага откако биле хакирани нејзините налози на Твитер и Јутјуб.
Видеа од криптовалутата со фотографија од милијардерот Елон Маск се појавија на Јутјуб канал, додека неколку коментари поврзани со NFT токените се ретвитувани на Твитер, објави Би-Би-Си.
Војската го потврди „пробивот“, велејќи дека ја сфатила безбедносната ситуација многу сериозно и дека сега ги решава проблемите, а двата налога се вратени.