Ерлинг Браут Халанд е еден од напаѓачите што треба да ја одбележи претстојната деценија. Во сезоната која требаше да биде онаа во која ќе потврди дека е меѓу најдобрите во светот, се бори со непријатна повреда.
Напаѓачот постигна 68 голови на 67 натпревари во дресот на Борусија Дортмунд и стана лидер на клубот речиси преку ноќ.
Тој е исклучително талентиран, брз, и со висина од 194 сантиметри, речиси и да нема начин да запре.
Последните информации велат дека тој е во очајна состојба по повредата на мускулот и дека едвај се движи, што го потврди и Марко Росе, тренерот на Борусија.
„Ерлинг веќе со денови се обидува да заигра, секој што го познава знае дека секогаш сака да игра. Ова започна во Менхенгладбах и не заврши добро. Ми рече: Би сакал да играм, но не можам да се движам како што сакам, едвај одам“, рече Росе.
Тој, исто така, објасни што зборува Халанд.
„Тој е живо суштество, а не машина. Ако не може, тогаш не може. Треба да закрепне за Борусија, но и за репрезентацијата на Норвешка. Одигравме два натпревари без него и во моментов работите не изгледаат добро. Така зборува Ерлинг цело време. Треба да се ослободиме од притисокот и да не се прашуваме секој ден што се случува. Треба да му се дозволи да закрепне“.
Borussia Dortmund boss warns Erling Haaland is "not a machine" in worrying injury update https://t.co/lOCPtL2pe6 pic.twitter.com/kFW3ENK8Ko
— Mirror Football (@MirrorFootball) October 4, 2021