Манчестер сити успеа да победи само еднаш во последните 12 одиграни натпревари. Во таа серија има дури девет порази и тимот е во резултатска криза, невидена од преземањето на Пеп Гвардиола во 2016 година. Дел од вината презеде и Ерлинг Халанд.
Норвешкиот напаѓач минатата сезона во англиското првенство постигна 27 гола на 31 натпревар, а претходната година дури 36 на 35 натпревари во Премиер лигата. Почна добро и оваа сезона, но на последните шест натпревари ја затресе мрежата само еднаш, а на последните 12 првенствени само три пати.
Тој истакна дека „не е доволно добар“ и дека тоа е и причината поради која Сити моментално е само седмиот тим во англискиот шампионат, со 12 бода помалку од водечкиот Ливерпул, кој одигра натпревар повеќе од нив.
Има се помалку луѓе кои мислат дека Сити ќе ја одбрани титулата и се повеќе луѓе кои го обвинуваат норвешкиот напаѓач за пад на формата.
Оваа сезона Халанд има 13 гола од 17 првенствени натпревари и вкупно 18 од 24 натпревари во сите натпреварувања. На последните три натпревари во кои играше остана без гол, асистенција, создадена можност, дриблинг и шут. Сити играше против Јувентус, Манчестер Јунајтед и Астон Вила.