19
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд се соочува со опасност да помине еден ден во затвор во Швајцарија, пишува „Блик“.
Причината е неплатена казна од 60 франци (околу 65 евра) за сообраќаен прекршок во кантонот Во, кој се наоѓа во западниот дел на земјата.
Рокот беше 25 октомври.
Доколку не ја плати казната, фудбалерот би можел да биде задржан на еден ден при неговата следна посета на Швајцарија, каде што неговиот татко Алф-Инге Халанд живее во Андермат од 2023 година.
Сепак, ваквата казна изгледа малку веројатна, бидејќи норвешкиот државјанин ќе треба да ја плати казната само доколку биде уапсен.