Се чини дека информациите се точни. Ерлинг Халанд не сака да оди во Манчестер Јунајтед. Тој наводно ги известил „Ѓаволите“ дека не е заинтересиран и дека неговата одлука се заснова на спортски проект.
Преведено, тој смета дека „Ѓаволите“ не можат ништо, односно дека нема да можат да создадат доволно добар тим за да се борат за трофеи.
Првата опција на Халанд повеќе не е Реал, едноставно, понудата на Сити е таква што ќе биде тешко да се одбие. Покрај тоа, тој не сака Реал да го купи и да го остави на позајмица во Дортмунд да чека Бензема да му го отвори местото.
Таткото Алфи и Рајола го притискаат да го прифати Манчестер Сити поради провизијата.
Станува збор за сума од повеќе од 25 милиони евра по сезона, што ќе го направи еден од најплатените играчи во светот. Јунајтед ги известил претставниците на Халанд дека ќе ја изедначат секоја понуда на Сити, дури и ќе ја надминат, но тој сака да игра за клуб кој има поголеми шанси во ПЛ, но и во Лигата на шампионите.
Во Дортмунд велат дека не можат да им парираат на понудите, но и демантираат дека знаат нешто за одлуката на Халанд. Сепак, дека Норвежанецот ќе си замине се гледа и од тоа што Борусија се обидува пред летото да ја заврши работата со Адејеми од Салцбург. Германскиот напаѓач оваа сезона постигна 19 гола на 37 настапи, но наводно го посакува и Баерн.