277
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ќе донесе конечна одлука за својата иднина до крајот на април, пренесува Sport.
21-годишниот Норвежанец е еден од најпосакуваните играчи во моментов и еден куп клубови се подготвени да конкурираат за неговиот потпис на лето.
Халанд е целосно свесен за интересот за него и наскоро планира да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Тој во моментов е тесно поврзан со Реал Мадрид, Манчестер Сити и Барселона, но и други клубови како Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Баерн (Минхен) внимателно ја следат ситуацијата.
Се тврди дека агентот на играчот, Мино Раиола веќе разговарал со сите засегнати страни и ги претставил условите под кои играчот е подготвен да потпише договор со еден од нив.