Халанд прифатил трансфер, се чека „да“ на Борусија

од Stefanija Kuzmanovska

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Браут Халанд (20) е најбараниот фудбалер во овој момент, и се чини дека Челси ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Неофицијално, Халанд ги договорил личните услови со Челси и се согласил да игра за новиот европски шампион, а уште се чека Дортмунд да каже „да“. Челси знае дека ќе мора да го сруши својот рекорд доколку сака да го донесе и затоа понудија неверојатни 175.000.000 евра!

„Сините“ веќе долго време се насочени кон Халанд и го сакаат за нов предводник на нападот и сметаат дека споменатата сума на пари ќе биде доволна за омекнување на Дортмунд.

Причината зошто тие сè уште се спротивставуваат на продажбата е заминувањето на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед. На тоа ќе заработат близу 100 милиони евра, а тие не сакаат да останат без двајца од најдобрите фудбалери во истиот преоден рок.

Преговорите се во тек и веќе е познато дека Челси понуди 150 милиони, што Дортмунд ќе ги добие на рати во следните четири години, додека други 25 се во различни клаузули.

Халанд минатата сезона постигна 41 гол за Дортмунд и запиша 12 асистенции. Сето тоа во 41 натпревар.

Слични содржини