Се огласи Халанд по информациите дека потрошил 530.000 евра во ресторан во Грција

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Бидејќи Норвешка не се пласираше на Еврото, нејзиниот најдобар играч Ерлинг Халанд е на одмор, кој го минува во Грција.

Локалниот спортски весник „Sporttime“ објави вест дека норвешкиот напаѓач потрошил дури 500 илјади евра во ресторан и дека оставил 30 илјади како бакшиш на вработените.

Секако, многумина беа привлечени од оваа информација, па напаѓачот на Борусија мораше да се огласи.

„Мислам дека ги заборавија главните јадења“, напиша Халанд на шега, велејќи дека тоа се лажни вести.

Слични содржини