Халанд се прости од Дортмунд во стил: Подарок од 15.000 евра за секој соиграч, не го заборави ниту персоналот

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд во голем стил се прости од Борусија Дортмунд, тим кој официјално го напушти претходниот викенд!

Халанд од следната сезона ќе биде играч на Манчестер Сити, а пред да замине засекогаш од Дортмунд, реши да ги „почести“ соиграчите и клупскиот персонал купувајќи им по еден часовник.

Спортскиот дел од тимот доби изгравирани ролекси кои чинат околу 15.000 евра, додека половина помалку потроши за помошниот персонал кој добива „омега“ часовници за 7.000 евра.

Халанд пристигна во Борусија зимата 2020 година од Салцбург и за тоа време на 90 натпревари кои ги одигра за „милионерите“ постигна 86 гола и имаше 23 асистенции.
Тој потпиша договор со Сити до 2027 година и ќе заработува околу 20 милиони по сезона.

Слични содржини