47
Ерлинг Халанд користи неконвенционален метод на спиење – селотејп врз устата, пренесуваат британските медиуми.
Норвешкиот напаѓач верува дека тоа му помага на неговата физичка подготвеност.
„Правам се што можам за моето тело да работи оптимално. Спиењето е најважното нешто“, рече Халанд на поткастот на Логан Пол, советувајќи го: „Обиди се да го направиш тоа“. Така спијам“.
Сепак, лекарите предупредуваат на сериозни ризици како што се апнеја, гушење и проблеми со дишењето.
„Ако носот ви е затнат, може да се разбудите и да не можете да дишете“, истакнува експерт за givemesport.com.
Трендот се шири меѓу спортистите, а лекарската фела предупредува за ризиците.