„Халанд стана товар“

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Ерлинг Халанд беше централна тема на летниот преоден рок, Норвежанецот потпиша договор со Манчестер Сити за трансфер вреден 60 милиони евра, а веќе почна да им се исплати на „граѓаните“.

Сепак, немаше добри зборови за Халанд од Дортмунд, иако беше миленик на навивачите.

Спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел, не зборуваше баш добро за Норвежанецот.

„Колку што го ценевме, со се што направи за клубот, дефинитивно стана товар, и за соблекувалната и за клубот. Во суштина сè се вртеше околу него. Токму поради оваа причина, дојде време да го продадеме, тоа беше добра работа за нас и за Сити. Тоа го потврдува и фактот што десет гола за нашиот клуб оваа сезона постигнаа десет различни стрелци“, рече Кел и додаде:

„Посакувам малку порано да бевме сигурни во заминувањето на Халанд бидејќи тоа ни ги ограничи подготовките. Без него имаме можност да им веруваме на другите играчи“.

Можно е изјавата на Кел да е увертира за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите, во кој на „Етихад“ ќе се сретнат Манчестер Сити и Дортмунд. Во дресот на германскиот клуб Халанд го освои Купот на Германија, а на 89 одиграни натпревари постигна дури 86 гола.

Слични содржини