Халанд тренира како Роки Балбоа, неговите вежби ги зачудиле сите

од Nikola Popovski
95 прегледи

Ерлинг Халанд ги изненадил англиските медиуми со начинот на кој работи на зајакнување на мускулите во текот на летото, како дел подготовките за новата сезона.

Напаѓачот на Манчестер Сити, кој заработува милион евра неделно, решил да тренира на старомоден и некомерцијален начин, пишува „Дејли мејл“.

Неговиот тренинг режим во неговата родна Норвешка е опишан како сцена од филмовите за Роки Балбоа. Халанд сечел дрва, планинарил и медитирал на карпа среде река, активности далеку од модерните спортски сали и теретани и современите уреди.

Човекот од Сити, задолжен за социјалните мрежуи, кој го снимал Халанд на лента за трчање во клубот, сето тоа го нарекол тренинг кој одлично го опишува норвешкиот напаѓач.

„Татко ми ме принуди, немав избор“, се насмеал Халанд додека објаснувал како се подготвувал за сезоната под водство на неговиот татко Алфи Халанд, поранешен играч на Нотингем Форест, Лидс и Манчестер Сити.

Во сезоната 2022/23, неговата прва во дресот на Манчестер Сити, Халанд собори голем број клупски и англиска Премиер лига рекорди. Меѓу другите, тој го постави рекордот по бројот на голови во една лига сезона (36 во 35 натпревари). Вкупно, таа година постигна 52 гола на 53 натпревари. Во последната сезона постигна 38 голови на 45 одиграни натпревари.

Слични содржини