Хали Бери мора на суд бидејќи не исполнила ветување

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Поранешниот женски ММА борец, Кет Зингано, ја тужеше актерката Хали Бери и бара отштета поради неисполнување на ветување.

Имено, Зингано тврди дека Хали Бери не го исполнила ветувањето дека ќе ја вработи во филмот на Нетфликс „Bruised“, поради што, како што тврди, пропуштила други профитабилни деловни можности.

Кет навела дека Хали разговарала со неа за проектот во јули 2019 година, пишува TMZ, која имаше увид во правните документи.

Зингано рече дека Бери ѝ кажала дека би сакала да ја вклучи во филмот, кој е режисерско деби на актерката, и дека нејзиниот календар треба да остане отворен за продукција на филмот.

Кет рече дека подоцна ѝ била понудена профитабилна борба со МЛД, а Хали ѝ рекла да се откаже од борбата поради фактори поврзани со прашањата за одговорноста на филмскиот осигурител.

Зингано рече дека таа го избрала филмот наместо борбата, и дека после тоа била ослободена од УФЦ, што ја натерало Бери да ја изостави од филмот, објаснувајќи дека ѝ се потребни ММА борци.

Според судските записи, Кет рекла дека актерката подоцна престанала да комуницира со неа.

Хали Бери не се огласи по повод оваа прилика.

Слични содржини