Хали Бери со провокативна фотографија прослави шест милиони следачи на Инстаграм

370 прегледи

Хали Бери на 53 години изгледа подобро од било кога. Убавата актерка повеќе пати има докажано дека не се срами да покаже повеќе, а себе си се надмина кога за својот роденден објави фотографија на која позира во водена маица.

Со слична фотографија повторно ги распамети своите следачи, а овој пат нејзината облека се сведе на минијаурен проѕирен градник.

„6 милиони следачи!Вие сте ми најголема инспирација, поддршка и најпозитивните луѓе кои можев да ги побарам. Полна со љубов додека седам дома и практикувам дистанца. Во пижами сум цел ден! Ги поздравувам сите кои лудуваме дома и родителите кои сега имаат повеќе работа од било кога! Ова се сериозни времиња и срцето ми е кај оние кои се болни и оние чии финансии се погодени – можам само да се молам работите што побрзо да се вратат во нормала. Останете чисти, сигурни и исправно информирани. Ве сакам!“, напишала Хали покрај фотографијата.

Нејзините верни фанови ѝ упатиле комплименти, а голем број од нив ѝ ја препишале титулата најзгодна жена на светот.

Слични содржини