Халили: Нема потреба од конвертирање на денарот, притисокот од граѓаните може да доведе до рушење на неговата стабилност

од Берта Китинска
381 прегледи

Земајќи во предвид дека нашата валута е поврзана со доларот, и следејќи ги домашните монетарни, а и фискалната политика, односно политиките на Народната Банка, верувам дека, барем за одреден период нема потреба од паника од страна на граѓаните, односно потребата од конвертирање на домашната валута во евра или долари. Се додека е ситуацијата на ова ниво и имаме релативно позитивни насоки за бруто-домашното производство , состојбата не остава многу простор за поголема паника, вели во разговр за „Локално“, екомонскиот аналитичар Арбен Халили.

Тој вели дека од домашната економија се очекува да има релативно стабилен тренд, со околу од 2,5% -2.8%, зголемен бруто-домашно производство,појаснувајќи дека тоа сепак би било помалку од она што владата го има предвидено на почетокот на годината.

-Сепак соочувајќи се со голем предизвик за економска стабилност и на глобално ниво, стабилноста на домашната економија ќе зависи од тоа колку ќе бидат ефикасни економските политики од страна на владата, но пак ќе повторам, засега нема потреба од поголема трговија, вели Халили.

Аналитичарот вели дека постои една добра колерација, на финансиските и фискалните политики помеѓу владата и Народната банка, и дека таа институционална соработка според него мора да биде ефикасна ако сакаме здрави и ефикасно развојни политики.

-Должност е на НБРМ да планира и имплементира стабилни монетарни политика, како и навремено да ја информира јасвноста за можните финансиски импликации, како што е должност на Владата да пружи соодветна подршка за имплементирањето на истите. Тргнувајќи од ова, можам да кажам дека засега нема потреба од вознемирување односно конвертирање на денарот во некоја друга постабилна валута.Токму непотребнито притисок од страна на граѓаните може да доведе до рушење на ова стабилност, а тоа воопшто не ни е потребно во моментов, појаснува тој.

На прашњето дали продолжувањето на ситуацијата во Украина може да доведе до обезвреднување на денарот, Халили смета дека воената состојба во Украина нема воопшто да допринесе до обезвреднување на денарот поради како што вели тој фактот што трговската размена не е значителна ниту со Украина ниту со Русија.

Тој вели дека несомнено е развојот на домашната економија да биде под влијание на економските случувања во Европа, потенцирјаќи дека нашата Влада мора да ја сработи домашната задача.

-Поддршката за граѓаните не смее да изостание, а најмалку подршката за бизнис заедницата. Владата треба и мора да ги скрати сите неефикасни трошења, или инвестиции од втор ред. Фокусирањето на капиталните инвестиции, ангажирање на повеќе домашни компании во изведба на тие проекти, навремена исплата на побарувањата на фирмите од државата, подршка за прехрамбената индустрија и другите стратешки гранка во државата, се само дел од мерките кои што Владата треба да ги има во предвид, смета Халили.

Во врска со владините мерки за спречување на ценовните шокови, тој смета дека поддршка од 1000 денар на социјално загрозените лица и пензионерите е премалку појаснувајќи дека тие средства не исполнуваат ни најмала потреба за истите луѓе.

-Треба да посочиме дека можеби нема да бидат доволно и ќе треба дополнителни мерки за подолгорочна економска стабилност. Замрзувањето на маржите за прехрамбетните елементарни производи е за поздравување, споредбено со предходната политика на замрзување на цените, која како мерка ги погоди повеќе компаниите, посебно увозниците. Исто така сметам дека мерките за подршка на социјално загрозените лица и пензионерите, да им се додели по 1000 денари, е премалку бидејќи тие не исполнуват ни најмала потреба за истите луѓе. Истата би требало за биде најмалку 3000 денари за пензионерите и не поламлку од 6,000 денари за социјално загрозените лица, вели тој.

Б.М.

Слични содржини