433
Оставката на Заев е дојдена во многу лошо време. Посебно за нашите евроинтеграциски процеси и мислам дека секако тоа ќе влијае врз нашата репутација како држава и нашите заложби за одржување на меѓувладината конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, вели Мухамед Халили за Утрински брифинг.
-Влегуваме во еден период на пасивност на Владата, а тој период го имавме до сега со самото одржување на локалните избори, но сега односите се такви што мораме да чекаме или нова владина коалиција или истата да продолжи или во краен случај да се оди на превремени парламентрани избори што не ни е од полза, коментира Халили.