Поранешниот амбасадор Мухамед Халили смета дека предлогот на бугарскиот премиер Кирил Петков од 6 месеци за надминување на спорот, не е многу време.
-Не е премногу, ако навистина после тоа успееме да ја добиеме првата Меѓувладина конференција ЕУ-Македонија. Сепак, не сум убеден дека тоаќе се случи, иако вината не е кај нас, вели Халили во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Тој смета дека македонската јавност има право да биде разочарана поради новото бугарско вето, но прашува зошто политичарите се разочарани.
– Ја потценивме 2017 година кога очекувавме резултати и 2018 кога се појави високо прокламената идеја на Макрон за друг тип на методологија на проширувањето. Не верувајќи во тоа што доаѓаше како реалност, не ги пласиравме добро тие елементи од јавноста. Не беше реално да сонуваме за некоја прва меѓувладина конференција, бидејќи имавме една политина институција Радев кој се спротивставуваше на тоа и имаше потенцијален иден премиер кој се заложи оптимстички дека е основа коалиција, посочува Халили.