Крај за европскиот пат на Македонија би било влошување на меѓуетничките односи во Македонија, вели Мухамед Халили – поранешен амбасадор.
– Она што се случи во Охрид и Битола најпрво влијае на влошување на односите меѓу различните етнички групи, потоа на зголемување на недовербата на бугарскиот етнос кон државата и нејзините функционери и обратно, за зацврстувањето на ставот на Бугарија во однос на евроинтеграциите на С.Македонија. Крај за европскиот пат би било влошувањето на меѓетничките односи во Македонија, изјави Халили за „Локално“.
Според познавачите на политичките прилики, како и првиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола и вториот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен за да некој го оштети и Македонија да се престави како земја во која не се почитуваат права на малцинства.
-Не случајно се избрани имињата на овие демек културни центри, чија основна задача по се изгледа е да се шири омраза меѓу двата соседи, коменират политичките аналитичари.
Д.Ј.