Халили: Треба да имаме Закон за забранети имиња

од Nikola Popovski
284 прегледи

Поранешниот амбасадор Мухамед Халили смета дека во земјава треба има Закон за забранети имиња.

-Битен е ликот на Ванчо Михајлов. Ние немаме Закон за забранети имиња, а треба да имаме. Секоја држава тоа го има, рече Халили во емисијата „Клик плус“.

Според него, отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ било една вистинска провокација.

Тој додава дека среќа е што нашите институции не потпаднале под тие провокации, и тој го протолкува како нормален настан, да се интересира за правата на малцинството во друга држава.

-Да беше подруга реакцијата, ќе беше алиби на Бугарите дека Северна Македонија не се интересира за малцинските права на Бугарите, и не им дава на нив простор да се докажат. Бугарија проблемот го започна со еден друг метод, а тоа е да го негира постоењето на македонскиот јазик и нација, кажа Халили.

Слични содржини