Халкбанк АД Скопје добитник на престижното признание „Креатори на столетието“

од Vlatko K
125 прегледи
 На Халкбанк АД Скопје денеска и беше врачено престижното признание за придонес кон развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа „Креатори на столетието“ за 2018 година.

На настанот по овој повод, „Креатори на столетието“ добија и компаниите АДИНГ, Адора Инженеринг и АД „Киро Дандаро“.

Наградите ги доделија почесните гости, претседателот на Меѓународниот комитет на „Креатори на столетието“, Синиша Зариќ, и претседателот на Управниот одбор на МЕФ „Перспективи“, Винко Ќуро. Тие во оваа прилика го најавија и Светскиот конгрес на претприемачи „Северна Македонија 2019“, кој годинава ќе се одржува во Скопје во октомври.

-Донесувањето одлука за избор на лауреати не е ни малку лесен процес и таа одлука ја носи независниот Меѓународен комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“. Од вкупно 411-те кандидати, Халкбанк АД Скопје е всушност една од 56-те наградени компании и поединци од шест земји, што е исклучително достигнување, и би сакал искрено да им честитам за постигнатиот успех и за нивната заслуга за развој на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа, изјави Зариќ.

Задоволство од признанието изрази и главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши.

-Чест е да се прими ова престижно признание, особено што во однос на изминатата година навистина сме задоволни од огромните постигнувања на нашата компанија, и тоа не само од нашата финансиска успешност, туку и од успешноста со која им обезбедивме одлична услуга на нашите клиенти и на заедницата во која припаѓаме. Особено сме горди и што според официјалните истражувања на финансискиот пазар за 2018 г., клиентите ја рангираа нашата банка меѓу оние со најдобар квалитет на услугите, а, пак, 2018 година беше уште една рекордна година и во однос на резултатите, која заврши со раст од 20,5% и со достигнување профит од 10,6 милиони евра, изјави Суџубаши.

„Креатори на столетието“ го доделуваат Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ од Хрватска, во рамки на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“. Самитот годинава се одржа од 22 до 24 март 2019 година во Дубровник.