207
Поранешниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман смета дека Жозе Мурињо е соодветна опција за нов тренер на Баерн (Минхен).
61-годишниот Португалец последен пат беше на чело на Рома, од каде што доби отказ во јануари.
Специјалистот претходно ги водеше Бенфика, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
„Морате сериозно да размислите ако сакате да доведете нов тренер. Во моментов има многу слободни места. Мислам на Мурињо, а тој е извонреден професионалец“, изјави поранешниот дефанзивец на Баварците за Sky Sports.