Хаман: Роналдо испадна будала, ги налути Германците и му пресуди на својот тим

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Во 2. коло од групата Ф на Европското првенство во 2020 година, германскиот тим ја совлада Португалија со убедливи 4: 2 и остана во игра за нокаут фазата на турнирот.

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман го коментираше натпреварот во студиото на ирската национална телевизија, велејќи дека еден потег на Кристијано Роналдо го мотивирал тимот на „панцирите“, кој потоа ја наполни мрежата на Португалија до врвот, и покрај двата автогола.

При резултат 1:0 за Португалија, Роналдо во еден момент си поигра со Рудигер, ја префрли топката над него, тргна истата да јафати со рацете, но потоа одигра со пета за соиграчот.

„Беше целосно непотребно затоа што го омаловажува противникот. Вие овде околу мене сите воздивнавте по тој потег. Роналдо сега изгледа како будала. Прашајте ги германските играчи што мислеа за тоа? Тоа само дополнително ги мотивираше и сега го имаме тој резултат. Едноставно кажано, не разбирам што Кристијано сакаше да постигне со овој потег“, рече Хаман.