Хамас: Американското вето – зелено светло за Израел да убива уште Палестинци

од Nikola Popovski

Палестинската милитантна група Хамас денеска ја осуди одлуката на САД, кои ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека израелската окупација има за цел „да ги убие и расели“ Палестинците.

„Претседателот Џо Бајден и неговата администрација имаат директна одговорност за неусвојувањето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа. Американскиот став се смета за зелено светло за окупаторот да изврши повеќе злосторства и да го убие нашиот невин народ преку бомбардирање и гладување“, се вели во соопштението на Хамас, пренесува „Ал Џезира“.

САД денеска повторно ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, третпат откако избија борбите околу палестинската енклава на 7 октомври.

Од 15 членки на Советот за безбедност на ОН, 13 гласаа за предложената резолуција поднесена од Алжир, додека Велика Британија беше воздржана.

Слични содржини