Хамас ги напушти преговорите во Каиро – разговорите во ќорсокак, тврдат од Египет

од Nikola Popovski

Египетските власти денеска објавија дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа се во ќорсокак поради барањето на Хамас за прекин на војната во постепени фази.

Делегација на милитантната палестинска група го напушти Каиро, местото на преговорите, за да одржи консултации, а според египетскиот ТВ канал „Al-Cairo News“, разговорите ќе продолжат следната недела.

Официјални лица изјавиле за АП дека Хамас се согласил со главните услови од договорот од првата фаза, но сакале гаранции дека тоа ќе доведе до траен прекин на огнот, наведува „Тајмс оф Израел“.

Хамас соопшти дека нема да ги ослободи преостанатите заложници без целосно повлекување на израелската армија од Појасот Газа, пишува израелскиот весник.

Милитантната група, исто така, бара ослободување на голем број палестински затвореници од израелските затвори, вклучително и оние кои се осудени за тешки злосторства.

Високиот функционер на Хамас, Абу Зухри, порачал дека Израел ги „отфрлил“ сите напори на посредниците да постигнат договор за прекин на огнот.

Слични содржини