Хамас објави вознемирувачко видео за кое тврди дека покажува Израелка која била киднапирана и однесена во Газа за време на посетата на музичкиот фестивал Супернова. Како што тврди Израел, во крвавата сабота на 7 октомври Хамас киднапирал вкупно 199 заложници.
На видеото, кое беше објавено на официјалниот канал на Хамас на Телеграм, младата жена, Маја Шем, зборува директно пред камерата на хебрејски, тврдејќи дека е од централен Израел.
Во видеото таа вели дека киднаперите се грижеле за неа. Се гледа и дека девојката е повредена, но ѝ укажуваат лекарска помош.
Hamas releases its first footage of a hostage. The group says it is providing medical treatment to her. Though I think this is a poor attempt to show they are treating the hostages well. The hostage appears to be Israeli. pic.twitter.com/JDATGYenCr
— Joe Truzman (@JoeTruzman) October 16, 2023
Тоа е прва снимка од заложник објавена од Хамас, а на видеото се вели дека таа била киднапирана на 7 октомври, денот кога Хамас изврши ненадеен напад врз јужен Израел.
„Јас сум Маја Шем, имам 21 година и доаѓам од Шохам. Моментално сум во Газа. Бев на фестивалот. Мојата рака е тешко повредена. Имав операција во болница во Газа, која траеше три часа. Се грижат за мене, ми даваат лекови, се е во ред. Единствено што сакам е што поскоро да бидам вратена дома кај моите родители. Изведете ме одовде што е можно поскоро. Ве молам“, навела Маја низ солзи.
Фестивалот што се одржа во пограничната област беше една од првите цели на Хамас. Стотици љубители на музиката се собраа на танцов фестивал во пустината, а забавата ја прекина крвопролевање во режија на Хамас, чии милитанти пукаа во посетителите, а некои од нив киднапираа и ги одведоа во Газа како заложници.
Видеото од заложникот е објавено на каналот Телеграм на Хамас со следнава порака: „Муџахедините од бригадите Ал-Касам им пружаат медицинска помош на затворениците во Газа, кои беа заробени на првиот ден од операцијата поплава во Ал Акса“.