198
Хамас и неговата сојузничка милитантна група Исламски џихад (ИД) го отфрлија египетскиот предлог за предавање на власта во Појасот Газа во замена за траен прекин на огнот, потврдија денеска двајца неименувани египетски безбедносни извори за новинарот на Ројтерс.
Двете групи, со кои египетските посредници одржаа одделни разговори во Каиро, одбија какви било отстапки освен можното ослободување на повеќето заложници заробени на 7 октомври за време на упадот на Хамас во јужен Израел.
Египет понуди предлог за прекин на огнот во замена за ослободување на неколку заложници и прифаќање на поширок договор кој вклучува траен прекин на огнот со промена на раководството во Појасот Газа, кое моментално го сочинуваат претставници на Хамас.