Хамас: Израел греши ако мисли дека може да го поткопа прекинот на огнот преку ескалација

од Nikola Popovski
100 прегледи

Портпаролот на Хамас Осама Хамдан синоќа предупреди дека Израел „не е при здрав ум“ доколку мисли дека може да го поткопа прекинот на огнот со ескалација на воените операции.

„Тие беа изненадени што бевме посветени (на прекинот на огнот) и дека секој чекор преземен од наша страна беше во согласност со она што го договоривме, а се што направи Израел беше по консултации со Американците. Значи, ако мислат дека таквите операции ќе го променат договорот, тогаш грешат“, рекол Хамдан, пренесува „Ал Џезира“.

Хамдан оценил дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „страда од мегаломанија“ и дека со обновувањето на конфликтот преку воена акција „се обидува да избегне обвинувања за корупција“.

Слични содржини