Хамас: Нападот на автопат во Израел е „природен одговор“ на израелските масакри

од Stefanija Kuzmanovska

Палестинската милитантна група Хамас објави дека денешниот напад на автопатот на периферијата на Ерусалим претставува, како што наведоа оттаму, „природен одговор“ на израелските „масакри“ во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег.

Хамас, исто така, изрази загриженост поради планираните израелски ограничувања за Арапите во џамијата Ал Акса во источен Ерусалим за време на празникот Рамазан, објави „Ал Џезира“.

Едно лице загина, а 11 се ранети утрово во палестински напад на автопат во предградието на Ерусалим, соопшти полицијата.

Во престрелката е убиен маж на 20-годишна возраст, а 23-годишна жена е во тешка состојба, соопштија медицинските власти.

Полицијата соопшти дека двајца од вооружените напаѓачи биле убиени од безбедносните сили на лице место, а третиот набрзо бил „неутрализиран“ по полициските претреси во областа, објави „Тајмс оф Израел“.

Полицијата соопшти дека тројца палестински вооружени напаѓачи отвориле оган врз Израелците кои чекале на сообраќајната линија на неколку стотини метри од контролниот пункт Ал Заајем во близина на Ерусалим и окупираниот град Маал Адуним на Западниот Брег, објави „Тајмс оф Израел“.

На фотографиите објавени од полицијата се гледа дека тројцата Палестинци, жители на областа Витлеем, биле вооружени со автомати, импровизирани автомати и граната.

Израелската безбедносна агенција Шин Бет ги идентификуваше напаѓачите како Мухамед Завахр (26), неговиот брат Катем Завахр (31) и Ахмед ал Вахш (31).

Слични содржини