123
Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, рече дека видеото на израелската војска на кое наводно се гледа оружјето пронајдено во болницата Ал-Шифа во Газа е „смешно и безвредно“ и додаде дека Хамас не исклучува дека израелската армија „го донела оружјето и го ставила во Ал- Шифа“.
Синоќа, Наим рече дека целта на Израел е да ги „притисне“ болниците и медицинските центри и да го раселува населението во Газа и потсети дека 25 болници на територијата сега не се во функција поради „бомбардирање, опсада и уништување“, пренесе Би-Би-Си.
Хамас претходно ги негираше тврдењата дека оперира од болницата.