Хамас подготвен да го зголеми бројот на заложници кои би ги ослободил во размена со Израел

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Милитантното палестинско движење Хамас изрази подготвеност да го зголеми бројот на заложници кои би ги ослободил во замена со Израел, изјавил денеска за „Харец“ извор вклучен во преговорите.

Според него, бројот и идентитетот на заложниците кои ќе бидат ослободени се уште не се договорени, а разговорите продолжуваат.

„Индиректните контакти меѓу Израел и Хамас веќе двапати пропаднаа, кога беше проценувано дека може да се склучи договор. Ни треба повеќе трпение“, додаде тој.

„Волстрит џрнал“ претходно денеска објави, цитирајќи египетски функционер „близок до преговорите“, дека Хамас бара ослободување на израелските заложници и палестински затвореници во фази, при што Израел ослободува малолетни затвореници во замена за 50 жени и деца кои биле меѓу заложниците.

Според изворот, предлогот за кој се дискутираше во неделата бара Хамас да ослободи голем број жени и деца киднапирани за време на нападите на 7 октомври за приближно ист број палестински жени и деца кои се држат во израелските затвори.

Египетскиот извор изјави и дека затворениците кои ќе бидат вклучени во размената нема да бидат поврзани со Хамас.

Израел, САД и Катар изразија оптимизам за можноста договорот да биде финализиран во наредните денови.

Една од причините поради кои преговорите се бавни е тоа што лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, не одржува континуиран контакт со преговарачките тимови на организацијата.

Слични содржини