Хамас: Тунелите се изградени за заштита на борците, а не за цивили

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Мрежата на подземни тунели во Појасот Газа е изградена за да ги заштити членовите на Хамас од израелските воздушни напади и не е наменета за цивили, изјави член на политичкото биро на палестинските милитанти од Појасот Газа.

„Изградивме тунели за да се заштитиме од авиони. Сите знаат дека 75 отсто од населението на Газа се бегалци и дека ОН се одговорни за нивната заштита. Според Женевската конвенција, окупаторот Израел е одговорен да им ги обезбеди основните потреби“, изјави овој неименуван милитантен функционер за РТ на арапски.

Висок член на раководството на Хамас, Абу Марзук, во понеделникот во интервју за „Ал Џезира“ изјави дека палестинските власти во Рамала, Западниот Брег и неколку арапски земји тајно го повикуваат Западот да го уништи Хамас.

Според него, милитантите полагаат големи надежи во либанската исламистичка организација Хезболах и палестинските власти во Рамала, и затоа, како што наведе, бил шокиран кога дознал за нивната позиција, пренесува ТАСС.

Тензиите на Блискиот Исток повторно се разгореа на 7 октомври откако Хамас започна ненадеен упад на израелска територија од Појасот Газа, при што беа убиени жители на пограничните заедници и беа киднапирани повеќе од 200 заложници.

Израел одговори со целосна блокада на Газа и започна копнени операции, истовремено изведувајќи воздушни напади врз цели во енклавата, како и врз одредени области во Либан и Сирија.

Слични содржини