186
Во израелски воздушен напад загина висок функционер назначен од Хамас и уште три лица во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на границата со Египет.
Ова денеска го соопштија Хамас и здравствените власти.
Израелската армија посочи дека не е вмешана, објави „Ројтерс“.
Хамас и здравствените власти соопштија дека полковникот Басам Габеу, директор на трговскиот премин Керем Шалом на границата меѓу Израел и Газа, и уште тројца Палестинци биле убиени во нападот недалеку од преминот Рафах.
Запрашан за коментар, портпаролот на израелската армија рече дека тие извршиле проверки и дека не биле запознаени со овој инцидент.