Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез се сели во Катар, каде ќе игра за Ал Рајан, пишува Фабрисио Романо, италијански новинар.
Хамес се договори со новиот клуб, кој објави кратко видео во кое го најавува новото засилување, не откривајќи го името, туку само силуетата.
Колумбиецот веќе ги помина медицинските прегледи, и не е прецизирано за која плата ќе премине играчот.
Родригез го напушта Евертон, каде што премина во 2020 година од Реал Мадрид како слободен играч.
قريبًا
Soon pic.twitter.com/OqcPyGFFQj— AlRayyanSC (@AlrayyanSC) September 22, 2021
Пред тоа, мадридскиот клуб се обиде да го „разигра“ својот офанзивен играч со позајмица во Баерн Минхен, но исходот не беше очекуван.
Родригез „експлодираше“ на Светското првенство во Бразил во 2014 година, по што обезбеди трансфер во кариерата во Реал за 75 милиони евра од Монако.
Следуваа години на промена на формата и повремени блесоци, но не постојано квалитетни партии.