Директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди денеска информира дека компанијата ги има најниските плати во регионот, a уште помалку со другите воздухопловни навигации од ЕУ.
-М-НАВ е најрегулирана област. Зошто се платите на контролорите на летање и на другите толку високи? Со тоа правиме борба во координација со синдикатите да не ни се случи одлив на кадар. Ниту еден денар не сме добиле од Владата. Тоа е истата работа и во регионот и во Европа, рече меѓу другото Хамиди во изјава за медиумите.
Тој потенцира дека М-НАВ е аполитична институција.
-Не сакаме да навлегуваме поради кои мотиви тоа беше направено. 30% од мојата плата е додадено поради враќање на тие плати што ги намаливме во време на пандемиајта на Ковид-19 за сите вработени во М-НАВ. И кога бев контролор на летање често имав поголема плата и од претходниот директор, дека работев и во ноќна смена и денеска има контролори со поголема плата. Тоа се плати најниски во регионот. Тоа е стресна и компетентна работа која подложи на строги меѓународни правила, со цел да даваме безбедносна услуга на македонското небо, дециден е Хамиди.