Хамиди се пожали: Тасевски е вработен во М-НАВ кога татко му беше началник на контрола на летање, и брат му е контролор

од Nikola Popovski
958 прегледи

Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди денеска во изјава за медиумите гарантираше дека безбедноста на авио-сообраќајот и навигацијата никогаш била, ниту ќе биде загрозена. Граѓаните можат да патуваат безбедно, додаде тој.

-Од 3.ноември 2020 година, кога стапив на чело на компанијата, ја најдов со минус 70% сообраќај и немаше средства ниту за оперативни простории, а камоли за плати. Успеавме да ја донесеме фирмата на здрави нозе, иако предвидувањата од Еуроконтрол беше тоа ќе го сториме дури во 2025 година – МНАВ денеска ги има подмирено сите загуби кои беа поради надворешен удел, без ниту еден денар помош од било кого, кажа Хамиди меѓу другото во своето обраќање после вчерашните инциденти во зградата на радарската соба каде што е сместена обласната контрола на летање при М-НАВ.

Вели дека цело време биле напаѓани од страна на претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски и истакна дека не излегувале пред медиумите да се пожалат, бидејќи, како што вели, имале покрупни работи со кои морале да се занимаваат.

-Не повредува сите нас и не не остава да си ја завршиме работата, согласно законските прописи. Репутацијата на нашата компанија е доведена во прашање поради лажни клевети дека ништо не чинело. Сите аргументи што ги кажав укажуваат дека многу работи чинат и ќе чинат. Безбедноста не е никогаш нарушена. За жал имаме лукративни и лични интереси од негова страна, кажа Хамиди, додавајќи дека колегите што застанале позади Тасевски се „замаени“.

-Господинот Тасевски кажува за непотизам и партиски вработувања, само за да даде дефокусирање на јавноста. Демагогијата е тој самиот е непотизам. Не е својствено на мене да кажува, но веќе ги премина сите граници – неговиот татко беше началник на контрола на летање, тогаш беше примен и тој. Истовремено и брат му работи како контролор на летање. Тројца од една фамилија. Постојат 5-6 кланови во М-НАВ. Зарем јас сум тој што смета на такви кланови во компанијата, да се вработат пак нивните деца? Во оваа држава, според Устав, сите имаат право да бидат вработени, без разлика на етничка и верска припадност. Сите сме граѓани на оваа мала, но преубава република, посочи директорот на М-НАВ.

Слични содржини