Хамилтон без конкуренција на „Сузука“, Фетел едвај шести

од Vlatko K
179 прегледи

Луис Хамилтон е речиси сигурен шампион во Формула 1 по петти пат во својата кариера. Британецот ја освои Големата награда на Јапонија на патеката „Сузука“, откако ја забележа 71-та победа во кариерата и 50-та за Мерцедес.

Тој водеше од самиот почеток до финалето и ги остави зад себе Валтери Ботас и Макс Верстапен. Себастијан Фетел заврши на 6-тото место откако започна добро, но имаше несреќа со Верстапен.

Дани Рикардо стигна до 4-то место пред пилотите на Ферари – Кими Раиконен и Себастијан Фетел. Серхио Перез, Ромен Грожан, Естебан Окон и Карлос Сајнц исто така влегоа во поени.

Така, Хамилтон веќе има 331 поен, Германецот е со 264 и овие 67 бодови ја прават битката за титулата практично предодредена.

Слични содржини