Хамилтон го уценува Мерцедес за пари

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Луис Хамилтон го уценува Мерцедес за пари, и тоа е причината поради која неговиот нов договор ќе биде одложен. Тоа го изјави советникот на Ред Бул – Хелмут Марко.

Сегашниот договор на четирикратниот светски шампион е до крајот на годината и покрај уверувањата уште од минатата сезона дека договорот е блиску, таков се уште не е потпишан, што природно води гласини по себе.

Според Марко, причината за доцнењето се зголемените побарувања на Луис, кој освен тоа разбрал дека Тото Волф се обидел да ги доведе на негово место Себастијан Фетел и Макс Верстапен.

„Тој се обиде да ги добие Макс и Фетел, но и двајцата го одбија. Се разбира, Луис знаеше за тоа, па ја зголеми цената“, изјави Марко за „Sprint Build“.

Пред трката во Австралија Хамилтон уште еднаш изјави дека разговорите продолжуваат во пријателска атмосфера и тој е посветен на Мерцедес, но тоа дека потпишувањето се одолговлекува сигурно ќе носи уште шпекулации.

Слични содржини