Договорите на Луис Хамилтон и Валтери Ботас со Мерцедес истекуваат на крајот на 2021 година, а Британецот во февруари потпиша продолжување на една година и по тој повод изрази желба да избегне слична ситуација. Британецот не сака да чека зима за да започне нови преговори и да ја чека втората половина од сезоната без осигурана иднина.
Првата рунда преговори започна, а еден од условите на седумкратниот светски шампион е неговиот колега Валтери Ботас да остане со него.
„Започнавме преговори. Засега нема многу што да се каже, освен дека сè се движи во позитивна насока. Валтери Ботас е мој тимски колега и двајцата имавме подеми и падови во кариерата, но тој е фантастичен возач и колега и мислам дека ништо не треба да се менува во тимот“, изјави Луис Хамилтон.
Британецот објави откако Тото Волф, директорот на Мерцедес, изјави дека се уште не е донесена одлука кој ќе биде партнер на Луис Хамилтон следната сезона, како и дека не се водени никакви преговори со Финецот. Мерцедес размислува дали да му понуди нов договор на Валтери или на негово место да го донесе талентираниот британски возач Џорџ Расел.
„Второто место во Мерцедес ќе го пополнат или Расел или Валтери Ботас. Наше е да донесеме најдобра можна одлука“, рече неодамна Тото Волф.
Пораката на Луис Хамилтон е јасна, а седумкратниот светски шампион е познат како исклучителен преговарач. А, во рацете има планина од адути што може да му донесе нов договор на Валтерио Ботас.