Хамилтон и покрај казната го освои „Силверстоун“! (ФОТО)

од Берта Китинска
230 прегледи

Луис Хамилтон е победник на 10-тата трка во Формула 1 шампионатот, што се возеше денеска на патека „Силверстоун“ за Големата награда на Британија.

Во првиот круг дојде до голем инцидент, Британецот со своето лево предно тркало удри во задното десно тркало на Холанѓанецот во свиокот „Копс“, Макс Верстапен загуби контрола и се заби во заштитната ограда. Верстапен беше пренесен во болница на прегледи.

Хамилтон беше казнет само со 10-секунди во пит стопот, но тоа не му попречи на Британецот на два круга пред крајот да го мине Леклерк од Ферари и да стигне до својата четврта победа сезонава.

Слични содржини