Хамилтон ќе го вози шампионскиот болид на Сена за време на ГП на Сао Паоло

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Луис Хамилтон ќе му оддаде почит на Аиртон Сена за време на викендот за Гран При на Сао Паоло, правејќи неколку круга на патеката Интерлагос во MP4/5B на Мекларен.

Токму со него легендарниот Бразилец ја освои втората од трите титули во 1990 година. Хамилтон ќе се појави на патеката со предметниот болид вкупно двапати во текот на викендот, по саботниот спринт и квалификациите.

Седумкратниот шампион никогаш не ги криел своите симпатии кон Сена и дури на почетокот на кариерата користел кацига чиј дизајн е инспириран од кацигата на Сена.

Хамилтон има дури и почесно бразилско државјанство, што го прави ГП на Сао Паоло негова домашна трка.

Слични содржини