Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, откри дека имал покана од холивудската ѕвезда Том Круз да глуми во филмот Top Gun: Maverick, но морал да ја одбие поради обврските во Формула 1.
Ситуацијата се случи во 2018 година, кога започна снимањето на лентата, која беше објавена во 2022 година. Идејата беше Хамилтон да игра еден од воените пилоти во филмот.
Снимањето на сцените во кои ќе учествуваше Хамилтон беше планирано за втората половина на 2018 година. Тие ќе потраеа околу две недели, но ќе се совпаднеа со завршните фази на сезоната 2018. И кога Круз и режисерот Џозеф Косински го контактираа Хамилтон на почетокот на летото 2018 година, тој сè уште беше во дуел за титулата со Себастијан Фетел и никој знаеше дека во втората половина од сезоната Хамилтон лесно ќе се одлепи од тогашниот возач на Ферари.
„Прво, никогаш не сум одел на часови по глума и не сакам да бидам еден од оние луѓе кои зафркнуваат филм. Освен тоа, немав време. Се сеќавам кога им кажав на Џо и Том, срцето ми беше скршено. После се покајав, а кога го гледав филмот се запрашав што можеше да биде“, објасни Хамилтон во интервју за GQ.
Top Gun: Maverick е продолжение на популарниот филм Топ Ган од 1986 година. Во моментов се работи на трет де од серијалот, но се уште не е јасно кога ќе биде објавен.