Хамилтон очекува сериозна битка за титулата во 2020 година

од Aleksandar Petrovski

Луис Хамилтон очекува многу понеизвесен шампионат во 2020 година. За разлика од оваа година, кога Мерцедес забележа шест последователни двојни победи, следната сезона ќе започне со многу поизедначени сили. Во 2019 година Ферари успеа да ги предизвика „сребрените стрели“, а Ред Бул оствари значителен напредок со Хонда.

– Хонда направи огромни чекори напред. Одлично е што има уште еден производител што е толку силен. Се надевам дека следната година ќе имаме тројца, дури и четворица во битката Шампионатот, вели Хамилтон.

Макс Верстапен е исто така оптимист: „Мислам дека Хонда е на добар пат. Ние направивме огромен напредок оваа сезона и јас сум крајно среќен со овој факт“.

Силата на Хонда не е единствената работа што го наведува Хамилтон кон очекувањата за цврста битка следната година – тој обрнува и внимание кон силната млада генерација пилоти.

– Постојат многу млади таленти со голем потенцијал во Ф1 и тие се иднината на спортот. Не можам да дочекам да се натпреварувам со нив. Колку повеќе екипи се подобрат, толку повеќе борба ќе видиме како во Бразил, смета тој.

Слични содржини