Хамилтон отвора синџир на вегански ресторани

од Vlatko K
271 прегледи

Петкратниот шампион во Ф1, Луис Хамилтон, го отвора првиот ланец ресторани специјализирани
за вегански хамбургери – „Neat Burger“.


Самиот Хамилтон не консумира производи од животинско околу две години и тврди дека никогаш
не се чувствувал поздрав и посреќен.

Првиот ресторан во ланецот ќе биде отворен на 2 септември во Лондон. Уште 14 се очекува да се
отворат низ целиот свет во наредните две години.

Најголем снабдувач на производи за рестораните ќе биде вегетаријанската компанија од
Калифорнија Beyond Meat.

Откако стана веган, Хамилтон е дел од голем број организации за заштита на животната средина
кои се против консумација на производи од животинско потекло.