Сагата околу потпишувањето на новиот договор на Луис Хамилтон за Мерцедес конечно заврши.
Британецот го продолжи договорот со германскиот тим до 2022 година и притоа тој ќе заработува 40.000.000 фунти годишно, односно 5.000.000 фунти повеќе отколку што заработувал досега.
Овој потпис се очекуваше секој ден бидејќи седумкратниот светски шампион истакна дека не сака да го менува тимот со кој освои шест од седумте титули:
– Планирам да бидам тука следната сезона. Мислам дека како тим мора да работиме уште повеќе заедно за да постигнеме повеќе и во нашиот спорт и надвор од него – рече Хамилтон на крајот од минатогодишниот шампионат.
Во следната сезона, Луис ќе се обиде да стигне до осмата титула во Формула 1 со истиот тим, со што би го престигнал Михаел Шумахер и би станал возачот со најмногу титули во светот.